Во Дебар вечерва ќе се запрашува против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите
- Општина Дебар информираше дека вечерва од 18 до утре во 6 часот наутро, ќе се реализира програмско запрашување против комарци на подрачјето на општината.
Дебар, 20 јуни 2023 (МИА) - Општина Дебар информираше дека од вечерва од 18 до утре во 6 часот наутро, ќе се реализира програмско запрашување против комарци на подрачјето на Општината.
- Тоа, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа против епидемиска мерка, додаваат од Општината.
Запрашувањето со апарат за УЛВ ладно запрашување ќе го вршат екипи на друштвото за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци, кои ќе спроведат теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците.
Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.
Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови, како ветар, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. вт/бд/
Фото: МИА