• четврток, 26 март 2026

Во две сообраќајки во Велес, двајца тешко повредени и еден полесно

Во две сообраќајки во Велес, двајца тешко повредени и еден полесно

Велес, 18 август 2025 (МИА)  -  Во СВР Велес било пријавено дека вчера околу 08:40 на регионалниот пат Велес-Штип, во близина на Градската депонија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 24 годишниот Д.М. од Италија и патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 53 годишниот  С.С. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „даеву тико“, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник 19 годишниот  О.А. од Лозово, констатирани во Општа болница Велес, информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Во СВР Велес вчера  било пријавено и дека околу 10:00 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 65 годишниот Ј.В. од село Отовица, велешко и мопед „томос“, управуван од 72 годишниот  М.Ј. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Велес, информира Ѓаковска.

 Увид и на оваа собраќајна несреќа  извршила увидна екипа од СВР Велес.ад/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан