• петок, 22 ноември 2024

Во Грција регистриран негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во 2021 година

Во Грција регистриран негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во 2021 година
Атина, 4 април 2021 (МИА) – Со починати 78 лица од Ковид-19 во изминатите 24-часа, Грција бележи нов негативен рекорд за 2021 година по бројот на смртните случаи, а меѓу починатите, според грчките медиуми е и 16 годишно девојче, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 1.955 нови случаи на коронавирусот, а 749 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Според грчките медиуми, 16 годишното девојче, во бессознание вчера било примено во детска болница, а неуспешни биле обидите на лекарите да се врати во живот. По направениот тест било потврдено дека е позитивно на Ковид-19, а обдукцијата ќе ги покаже причините за смртта. Согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, од почетокот на пандемијата починале три малолетни лица на возраст до 17 години. Во Грција досега се регистрирани вкупно 275.414 позитивни случаи на Ковид-19, а починаа 8.380 лица. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан