• понеделник, 23 декември 2024

Во Грција регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19

Во Грција регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19

Атина, 2 август 2020 (МИА) - Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 75 нови случаи на Ковид-19, а во изминатите 24 часа починаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од новите случаи само четири се по направените тестови на влезните точки во земјата.

Според грчките медиуми најголемиот број од новозаразените се во поширокиот дел на Атина - 19, во Солун 15 и 13 во Кавала.

Три случаи пак се кај членови на машката ватерполо репрезентацијата на Грција.

Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 4.662 случаи на Ковид-19, а починаа 208 лица. ср/ми/

Остани поврзан