• петок, 15 ноември 2024

Во Гостивар угостителите од идната недела ќе работат со продолжено работно време

Во Гостивар угостителите од идната недела ќе работат со продолжено работно време

Гостивар, 6 јули 2023 (МИА) - Локалната самоуправа им излезе во пресрет на угостителите на нивното барање за продолжено работно време. Советот на општина Гостивар донесе одлука со која рестораните, пицерии, фуд барови и кафулињата ќе работат два часа повеќе во летниот период.

Предлогот на денешната седница го изнесе претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кој во образложението напомена дека станува збор за барање на угостителите, на кои, како што рече, им се излегува во пресрет, во период кога има зголемен број на печалбари и обем на работа.

Одлуката за продолжено работно време се однесува на период од 10 јули до 25 август.

Со одлуката е утврдено дека во деновите 13, 17, 23 и 28 јули и 4, 8, 11, 16 и 21 август, локалите ќе работат според досегашното работно време. Продолжување на работното време, Општината дозволува и околу новогодишните празници. згм/мд/

Остани поврзан