• четврток, 07 ноември 2024

Во Гватемала покрената истрага поради експлоатација на детски труд

Во Гватемала покрената истрага поради експлоатација на детски труд
Гватемала Сити, 4 март 2020 (МИА) - Владата на Гватемала покрена истрага за наводите дека деца работат на десетина плантажи за кафе, најави шефот на државата Алехандро Џиматеи. Истрагата беше најавена откако британскиот Канал 4 во понеделникот емитуваше документарен филм во кој е прикажано дека на седум плантажи за кафе, кои се поврзани со швајцарската компанија „Неспрес“ и на пет плантажи поврзани со американската фирма „Старбакс“ работат деца, од кои некои се на осумгодишна возраст. - Наводите за експлоатација на детскиот труд се составен дел од меѓународните напори за дискредитирање на „Неспрес“ и „Старбакс“, со што сериозно се загрозува секторот за производство на кафе, изјави претседателот на Гватемала, Џиматеи пред емитување на документарниот филм. Извршниот директор на „Неспрес“ Гијом Ле Кунф изјави дека минатата недела испратиле тим од истражители со цел да се утврди вистинитоста на наводите и да се запре набавката на кафе до завршување на истрагата. - Детскиот труд нема место во нашиот синџир, истакна Ле Кунф. Реагираше и американскиот актер Џорџ Клуни, кој во 2013 година го промовираше „Неспресо“. - Документарниот филм ме изненади и растажи. Очигледно управата и компанијата ги чека уште многу работа и тие тоа ќе го направат, посочи Клуни. ми/

Остани поврзан