Во вторник прекин на сообраќајот од село Ветуница до мостот на река Блидеш
- Поради изградба на експресен пат А2 делница Длабочица Чатал, во вторник ќе се изведуваат работи на минирање. За таа цел предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница - мост на река Блидеш во период од 12:00 до 16:00 часот.

Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - Поради изградба на експресен пат А2 делница Длабочица - Чатал, во вторник ќе се изведуваат работи на минирање. За таа цел предвиден е времен прекин на сообраќајот на потег село Ветуница - мост на река Блидеш во период од 12:00 до 16:00 часот.
Како што соопшти АМСМ, по минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат. мд/
Фото: МИА архива