• сабота, 31 јануари 2026

Во вооружени акции на југот на Пакистан убиени 37 бунтовници и 10 полицајци

Во вооружени акции на југот на Пакистан убиени 37 бунтовници и 10 полицајци

Квета, 31 јануари 2026 (МИА) - Напаѓачи вооружени со пиштоли и гранати рано утрово извршија десетина координирани акции ширум јужен Пакистан, во кои загинаа најмалку 10 припадници на пакистанските сили за безбедност и 37 бунтовници.

Нападнати се затвор со висока безбедност, полициски станици и паравоени објекти.

Пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви потврди дека 10 припадници на безбедносните сили се убиени и ги пофали припадниците на државните сили за ликвидација на 37 бунтовници. Според него, , нападите ги извршиле припадници на групата Фитна ал-Хиндустан, која е поддржана од Индија. јт/

Фото: Накви на Фејсбук

Остани поврзан