• понеделник, 23 декември 2024

Во воздушен напад во северниот дел на Тиграј загинаа 56 лица, најмалку 30 ранети

Во воздушен напад во северниот дел на Тиграј загинаа 56 лица, најмалку 30 ранети
Тиграј, 8 јануари 2022 (МИА) - Во воздушен напад во северниот дел на регионот Тиграј во Етиопија загинаа 56 лица, а најмалку 30 се повредени во камп за раселени лица, изјавија хуманитарни работници, повикувајќи се на локалните власти и изјави на сведоци. Според нив, нападот врз кампот во градот Дедебит во северозападниот дел на регионот Тиграј, во близина на границата со Еритреја, се случил доцна синоќа. Хуманитарниот работник кој ја посети општата болница во Шире Шул, каде што се хоспитализирани повредените, рече дека во кампот има многу постари луѓе и деца. „Ми рекоа дека бомбардирањето се случило на полноќ, кога е целосен мрак и не можеа да избегаат“, рече тој. Етиопските трупи почнаа да се борат со бунтовничките сили на Тиграј во ноември 2020 година. Најмалку 146 лица се убиени, а 213 се повредени во воздушните напади врз Тиграј од 18 октомври, според  хуманитарните организации. паг/  

Остани поврзан