Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
- Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.
Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.
По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. бак/
Фото: МИА архива