• сабота, 23 ноември 2024

Во Владата ќе бидат презентирани јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки

Во Владата ќе бидат презентирани јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки
Скопје, 12 мај 2021 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска на прес-конференција ќе информираат за јавните повици кои се дел од шестиот пакет мерки. Шестиот пакет на мерки беше усвоен на 66. владина седница и е наменет за најпогодените сектори од корона кризата. Содржи седум мерки и со него се очекува да бидат поддржани 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Вкупната вредност на овој пакет мерки изнесува 17,8 милиони евра. бак/лв/      

Остани поврзан