• недела, 22 декември 2024

Во Вирџинија започна предвременото гласање на прелиминарните избори за претседателски кандидат 

Во Вирџинија започна предвременото гласање на прелиминарните избори за претседателски кандидат 

Вашингтон, 19 јануари 2023 (МИА) - Во Вирџинја денеска започна предвременото гласање на прелиминарните претседателски избори. Вирџинија е една од 15-те сојузни држави, заедно со територијата Американска Самоа, што гласа на таканаречениот „супер вторник“ (5 март) кога најголем број држави одржуваат внатрепартиски избори за претседателски кандидат.  

Изборите за претседател на САД се закажни годинава во ноември.

Предвременото гласање започнува денеска, на 12 февруари е крајниот рок гласачите да се регистрираат за регуларно гласање. Во случај на отсутност на 5 март, избирачите можат да побараат гласачкото ливче да им биде пратено по пошта, крајниот рок за тоа е 23 февруари. На 2 март е последниот ден кога може да се гласа предвремено. Супер вторникот е на 5 март, Ден на избори во многу држави кога гласачките места се отворени од 6 наутро до 19 часот навечер. 

Резултатите од овие избори најверојатно ќе го одредат претседателскиот кандидат од секоја од двете главни партии во САД, републиканската и демократската. 

Изборите во Вирџинија се општи, не во форма на „какуси“ (партиски собири) и може да гласаат сите пријавени гласачи, независно дали се републиканци, демократи или неодредени. На едно гласачко ливче се сите кандидати.  

Од демократските се името на актуелниот претедател Џо Бајден, и уште двајца противкандидати – писателката за самопомош Мариан Вилијамсон и конгресменот од Минесота Дин Филипс. 

Од републиканците на гласачкото ливче се гувернерите на Њу Џерси и Флорида Крис Кристи и Рон ДеСантис, бизнисменот Рајан Бинкли, технолошкиот претприемач Вивек Рамасвами, поранешниот претседател Доналд Трамп и ексамбасадорката на САД во ОН Ники Хејли.  

Иако имињата на Рамасвами и Кристи се на гласачкото ливче, тие во меѓувреме се откажаа од претседателската трка. кб/сд/ 

Остани поврзан