• четврток, 16 април 2026

Во велешкото село Иванковци се реконструираат тротоарите

Во велешкото село Иванковци се реконструираат тротоарите

Велес, 27 март 2026 (МИА) - Во велешкото село Иванковци интензивно се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите, при што во тек е нивно поплочување со бехатон плочки. Паралелно со ова, се работи и на реконструкција на коловозот, за кој во изминатиот период се реализирани подготвителните земјени зафати.

Информацијата ја соопшти градоначалникот Марко Колев, кој посочи дека средствата за овој проект се обезбедени од општинскиот буџет, во рамки на Програмата за 2026 година.

-Безбедното движење на пешаците е наш приоритет, нагласи Колев.

Тој најави дека градежните активности ќе продолжат и во другите населени места во општината, како и на градските улици и тротоари, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните. ад/дма/

 

Фото: Општина Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан