• понеделник, 23 декември 2024

Во велешкото ООУ „Блеже Конески“ отворена сензорна соба

Во велешкото ООУ „Блеже Конески“ отворена сензорна соба

Велес, 12 декември 2023 (МИА) - Во просторија во поливалентниот простор  во ООУ „Блаже Конески“ во Велес денеска беше отворена сензорна соба, која освен пет деца со посебни потреби ученици од ова училиште, ќе ја користат и останати ученици кои имаат потреби од оваа соба, воедно и сите ученици од училиштето.

Бранка Џајкова од Фондацијата „Чекор по чекор“ за МИА информира дека овие сензорни соби ги реализираат во рамки на проектот „Инклузивни општини преку квалитетно образование“, со финансиска поддршка на ГИЗ –Германското друштво за меѓународна соработка.

Во рамки на проектот, освен во ова училиште, истиот се реализра и во училишта во Кочани, Штип, Ресен и во Битола. Според Џајкова, останува да се отвори сензорна соба и во училиште во Кочани. 

Таа појасни дека сензорната соба располага со повеќе од шеесет разни реквизити што ќе им помогнат на учениците при подобрување на нивната моторика, ќе влијаат благопријатно, стимулирачки и позитивно врз нивниот развојот..

-Ние се обидовме да направиме еден модел кој го подржува учењето во училиштата. Моравме да направиме една модификација на овие сензорно-ресурсни простории со цел тие да го подржат учењето.Тие се богати со дидактички материјали,со материјали за подообрување на фината моторика,тактилни елементи,за графо моториката,како и основните сензорни елементи за подобрување на крупната моторика ги има во оваа сензорна соба, појасни Џајкова.

Додава дека тие како Фондација „Чекор по чекор“ секогаш се залагаат на секое дете да му се даде можност во целост да го искористи својот потенцијал.

-Идејата ни е и дечињата си попреченост кои веќе се вклучени во редовните училишта, да можат да учат на начин на стил што и ним им одговара и да можат повеќе да го искористат училиштето за свој напредок. Да можат своето образование по основно да го продолжат во средно, на факултет и да се вработат и да бидат граѓани коишто придонесуваат кон општеството,потенцира Џајкова.

Таа информира дека во рамки на овој проект тие направиле едно мапирање во петте општини каде се спроведува направиле проценка за пристапноста и инклузивните практики во овие училишта, за да видат каква е состојбата и каде има потреба од најголема поддршка, а по што биле одбрани петте училишта во петте општини:Велес,Кочани,Штип,Ресен и Битола, а каде преминале и на опремување на сензорни соби.

Воедно информира дека во рамки на проектот направиле договорни состаноци со општините и училиштата во насока на поддршка на локални активности кои се однесуваат  на подобрување на пристапноста и инклузивноста на училиштата.

Во рамки на проектот реализираат и обуки за родителите на учениците со посебни потреби во општините каде се реализира проектот. Во Велес веќе реализирале ваква обука за зајакнување на вештините на родителите тие да се застапуваат за заштита на правата на нивните деца.

- Во ООУ „Блаже Конески“ во Велес денеска се реализира и обука на родителите за подџршка на нивните деца за учење во домот, односно едно дополнително охрабрување на родителите на децата со посебни потреби да го подржуваат развојот на своите деца, појасни Џајкова.

Инаку, Фондацијата „Чекор по чекор“ има направено  околу 30 сензорни соби во исто толку училишта во земјава и нивната финансиска поддршка е најмногу до пет илјади евра. ад/цр

Фото:МИА                                       

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан