• недела, 22 декември 2024

Во велешките основни и средни училишта минимален број на позитивни на Ковид-19

Во велешките основни и средни училишта минимален број на позитивни на Ковид-19

Велес, 29 јануари 2021 (МИА) - Во велешките основни училишта има еден позитивен ученик и 34 негови соученици во изолација, а позитивни се и еден наставник и еден вработен во стручните служби. Во средните училишта во Велес позитивни се четири ученици, додека еден ученик и еден наставник се во изолација. Во детската градинка „Димче Мирчев“ позитивни се  две воспитувачки. Вкупно за сите училишта заедно со градинките и Средношколскиот дом има  пет позитивни ученици, 35 се во изолација, три наставници се позитивни, додека еден наставник и еден вработен во стручните служби се во изолација, а има позитивен е и еден директор, информира на денешната прес-конференција велешкиот градоначалник Аце Коцевски.

Тој воедно соопшти дека во средните училишта во Велес има 5.046 ученика кои посетуваат онлајн настава.Бројот на ученици кои посетуваат настава со физичко присуство е 1.601, а бројот на ученици кои посетуваат пракса со физичко просуство во средните училишта е 817, додека бројот на ученици кои посетуваат пракса онлајн во средните училишта е 153.
Бројот на наставници во второто полугодие во основните и средни училишта во Велес е 286 кои реализираат онлајн настава, а со фиzичко присуство наставата ја реализираат 249 наставници. Бројот на наставници кои реализираат пракса со физичко присуство во средните училишта е 54 и бројот на оние кои реализираат пракса онлајн во средните училишта е осум. Воедно информира дека во јавните установи како  Локална библиотека и Народен музеј нема заразени од Ковид-19, нема ни во ТППЕ и ЈКП „Дервен“.

Коцевски додаде дека во Општина Велес има само едно вработено лице  позитивно на Ковид-19 и еден вработен кој е во изолација. ад/ки/

Остани поврзан