• четврток, 19 декември 2024

Во велешкиот Здравствен дом денеска продолжи вакцинацијата на лицата над 75 години со кинеската „Синофарм“

Во велешкиот Здравствен дом денеска продолжи вакцинацијата на лицата над 75 години со кинеската „Синофарм“
Велес,  23 април 2021 (МИА) - Во вакциналната амбуланта при ЈЗО Здраствен дом од Велес денеска, по два дена пауза, продолжи вакцинацијата против Ковид-19 на лицата над 75-годишна возраст од Велес и велешкиот поширок регион.
Во моментов лицата се вакцинираат со кинеската „Синофарм“, од која болницата добила 250 дози. Се неа, како што информира за МИА д-р Пандели Божиков од Здравствениот дом, веќе се вакцинирани 60 лица.
-Вакцинацијата се одвива во најдобар ред, а вакцинирањето оди преку „Мој термин“. Од оваа пратка ќе вакцинираме до вторник, а интересот кај повозрасната популација од ден во ден се повеќе се зголемува, вели д-р Божиков. Инаку ревакцинацијата со оваа вакцина веднаш по првата доза се закажува по 21 ден. ад/сст/

Остани поврзан