• понеделник, 23 декември 2024

Во велешката населба Речани се средуваат дивите депонии

Во велешката населба Речани се средуваат дивите депонии

Велес, 28 февруари 2024 (МИА) - По минатонеделната посета на градоначалникот Марко Колев на велешката населба Речани активно се работи на решавање на потребите на жителите. Службите на ЈКП „Дервен“ вршат чистење и отстранување на дивите депонии, а после многу години се чисти и канализациската мрежа во оваа населба, информира денеска градоначалникот Колев.

Тој додаде  дека изминатите денови е ставено  во функција уличното осветлување кај Железен мост, а дополнително се врши пресметка за осветлување на уште една улица.

-Согласно можностите во наредниот период ќе се потрудиме и за подобрување на дел од патната инфраструктура. Секој дел од Општината е подеднакво важен. Нашите заложби и понатаму ќе продолжат во насока за градење на поубав Велес - чекор по чекор ќе ги решаваме сите предизвици за кои години наназад не било преземено ништо, најави Колев. ад/дма/

 

Фото:Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан