• петок, 22 ноември 2024

Во Велес одржана Работилница за ефективно комуницирање и подигање на видливоста на регионалните развојни проекти

Во Велес одржана Работилница за ефективно комуницирање и подигање на видливоста на регионалните развојни проекти

Велес,16 ноември 2022 (МИА) - Центарот за развој на Вардарски плански регион заедно со претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор во Велес одржа работилница чија цел беше низ слободен разговор да ја согледаат и надминат недоволната и непостојаната меѓусебна комуникација.

Како што информираат денеска за МИА Душица Габерова од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион кој ја организира работилницата, учесниците ги согледале можностите и придобивките од ефективното комуницирање во областа на регионалниот развој, преку креирање на ПР - план и бриф, основен медиа тренинг за јавни настапи и споделување на искуства и научени лекции од медиа тренингот.

-Воедно, се даде и поттик за идна директна соработка на сите засегнати субјекти во подигањето на видливоста на регионалните развојни проекти, потенцира Габерова.
Инаку, работилницата беше  одржана во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, а финансиски е поддржана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Амбасада. ад/вг/

Остани поврзан