• сабота, 27 јули 2024

Во Велес одбележани 77 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев

Во Велес одбележани 77 години од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев

Велес, 7 април 2021 (МИА) - Општина Велес денеска ја одбележа 77-годишнината од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев. Делегација составена од претставници на локалната самоуправа положија цвеќе пред спомен бистата во дворот на градинката што го носи неговото име, и пред спомен бистата на херојот во Младински парк.

Димче Мирчев бил роден во Велес во 1913 година. На 27-годишна возраст активно се вклучил во подготовките на вооруженото востание. Тој бил еден од организаторите на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и заменик командант на одредот.

Димче Мирчев загинал во судир со бугарската полиција во реонот на Тиквешијата на 7 април 1944 година, заедно со Киро Крстев-Налбатот.

Посмртните останки на Димче Мирчев се во велешката Спомен-костурница од НОВ. Димче Мирчев бил прогласен за народен херој на 2 август во 1949 година. ад/бт/ 

Остани поврзан