• понеделник, 23 декември 2024

Во Велес кај Багремче викендов ќе се освети новата црква „Св. Јован Крстител“

Во Велес кај Багремче викендов ќе се освети новата црква „Св. Јован Крстител“
Велес, 21 октомври 2022 (МИА) - Повардарската епархија в недела наутро ќе ја освети новоизградената и фрескоживописана црква „Свети Јован Крстител“ во месноста Багремче во новиот дел на  Велес. Чинот на осветување ќе започне во 8:30 часот. Во 9:30 ќе има архијерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение на митополититот брегалнички г. Иларион, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство на Повардарската епархија.
На чинот на осветување в сабота вечер во 17 часот ќе има празнична вечерна богослужба на која ќе богослужи митрополитот повардарски Агатангел.
Изградбата на црквата заврши во јануари 2020 години, а се градеше од 30 август 2015 година кога беше поставен и осветен камен-темелникот. Во изминатите повеќе од две години новата црква се фрескоживописуваше.
Во рамките на црковниот комплекс е изградена и камбанарија, на која се поставени три камбани, како и црковно-административни простории, а изграден е и параклис посветен на „Свети Агатангел Битолски“.

Оваа најнова црква во Велес е изградена со средства на Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците. ад/

 

Остани поврзан