• сабота, 13 декември 2025

Во Велес изложба „Континуитети“ од француската колекција на Музејот на современа уметност

Во Велес изложба „Континуитети“ од француската колекција на Музејот на современа уметност

Велес ,15 октомври 2025 (МИА) – Во Ликовниот салон во Велес ечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Континуитети“. Потеклото на колекцијата е поврзано со катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, кога по иницијатива на францускиот писател и критичар Жан Касу и преку ангажманот на првиот директор на МСУ, д-р Борис Петковски, бројни француски уметници подариле свои дела на градот како чин на солидарност. Подоцна, со истражувањето и публикацијата на Силвен Лекомбр (2015), оваа збирка доби нова научна и историска рамка што го потврди интернационалниот и солидарен дух на музејот како уникатна институција во европски контекст, соопштија од  Музеј на современа уметност од Скопје.

Изложбата е  составена е од 34 дела: избор од графики, скулптури, пастел и темпера, создадени во периодот од 1933 до 1995 година, кои ја прикажуваат тематската и стилска разновидност и виталност на француската уметничка сцена во текот на 20 век. Делата припаѓаат на француската колекција на Музеј на современата уметност од Скопје. Тие се избор од вкупно 300 дела, од повеќе од 150 автори, и претставуваат еден од темелните сегменти на меѓународната збирка на музејот..

Во својата суштина, изложбата „Континуитети“ ја слави трајната човечка и уметничка поврзаност што ги обликува нашите заеднички културни сеќавања. Таа ја претставува уметноста како витална мрежа на односи, меѓу уметниците и публиката, меѓу минатото и сегашноста, меѓу локалните и глобалните наративи што и денес ја дефинираат динамиката на современата уметност и светот во којшто денес живееме.ад/

Фото: плакат

 

Остани поврзан