• среда, 17 јули 2024

Во Велес денеска Фолклорни смотри на Источен регион 2023

Во Велес денеска Фолклорни смотри на Источен регион 2023

Велес,10 септември 2023 (МИА) - Денеска во 11 часот во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес свечено ќе бидат отворени Фолклорните смотри на Источен регион 2023, на кои ќе учествуваат фолклорни друштва од Јосифово, Македонска Каменица, Крива Паланка, Оризари, Делчево,Кочани и Кратово, како и гости фолклорната група „Беломорски“ од Клоривлен, Бугарија.

Домаќини се велешкото фолклорно друштво КУД „Коле Неделковски“ и ансамблот „Керамичар“, кои исто така ќе настапат, односно едните ќе го отворат, другите ќе ја затворат оваа смотра на фолклорот.

Тие се организатори заедно со Сојузот на фолклорни ансамбли и Општина Велес.

На програмата како специјални гости ќе настапи и групата за народни инструменти при Основното општинско музичко училиште „Стефан Гајдов“.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на фолклорот да дојдат денеска во амфитеатарот во Младинскиот парк и да уживаат во прекрасната програма на ора и песни. Влезот е бесплатен. ад/ир

Остани поврзан