• вторник, 07 мај 2024

Во Вашингтон палестински поддржувачи повикаа на Интифада против Израел

Во Вашингтон палестински поддржувачи повикаа на Интифада против Израел

Вашингтон, 4 ноември 2023 (МИА) – Поддржувачите на Палестинците денеска во Вашингтон одржаа протест, при што скандираа „Интифада, интифада, интифада“.

Интифада на арапски јазик е востание или движење на отпорот и обично се употребува за двата бунта на Палестинците против израелската окупација на нивните територии.

Првата интифада почна во 1987 и траеше до 1993 година по потпишувањето на Договорот од Осло и воспоставувањето на Палестинската самоуправа. За време на првата интифада загинаа 1.162 Палестинци и 160 Израелци.

Втората интифада или Ал Акса интифада почна во септември 2000 година откако Ариел Шарон како лидер на тогаш опозициската партија Ликуд, влезе во просторот на ерусалимските џамии, каде до први век постоел еврејски храм. Тоа Палестинците го оценија како провокација и набрзо потоа избувнаа жестоки судири. Оваа интифада сè уште во тек и е покрвава од претходната. До 2004 година убиени се 3.223 Палестинци и 950 Израелци.

И во повеќе европски градови денеска се одржаа митинзи за поддршка на Палестинците, при што беше упатен апел за прекин на огнот во Појасот Газа. ми/

фото: Икс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан