Во Бугарија уапсен руски државјанин поврзан со разорната експлозија во Бејрут
- Бугарските власти денеска потврдија дека уапсиле руски државјанин, по кого трага Либан поради вмешаност во експлозијата во пристаништето во Бејрут во 2020 година
Софија, 16 септември 2025 (МИА) – Бугарските власти денеска потврдија дека уапсиле руски државјанин, по кого трага Либан поради вмешаност во експлозијата во пристаништето во Бејрут во 2020 година.
На 6 септември на аеродромот во Софија уапсен е Игор Гречушкин, кој се враќал од Кипар. Тој има двојно државјанство руско и кипарско.
Бугарија ги побара потребните документи за Гречушкин за да може да го екстрадира во Либан.
На 4 август 2020 година во пристаништето во Бејрут експлодира магацин во кој бил складиран амониум-нитрат, при што загинаа 218 луѓе, повредени беа над 6.000 лица, а голем дел од Бејрут беше разурнат.
Ниту еден либански владин претставник не е осуден за инцидентот. ми/
фото: МИА архива