Во Бугарија за еден ден регистрирани 279 пожари
- Бугарската Главната дирекција „Безбедност од пожар и заштита на населението“ (ГДПБЗН) денеска соопшти дека во изминатото деноноќие изгаснати се сите 279 пожари во Бугарија
Софија, 10 јули 2025 (МИА) – Бугарската Главната дирекција „Безбедност од пожар и заштита на населението“ (ГДПБЗН) денеска соопшти дека во изминатото деноноќие изгаснати се сите 279 пожари во Бугарија.
Во пожарите нема човечки жртви, но причинета е материјална штета на десетици станбени и помошни објекти, неколку возила изгореа, а од некои места беше евакуирано населението.
Поради пожарите ширум Бугарија на неколку места беше активиран и националниот систем за предупредување „БГ-АЛЕРТ“.
Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков ги повика локалните и регионалните власти на преземат мерки за превенција од пожари. ми/
фото: МИА архива