Во близина на Тајван забележани 33 кинески воени авиони и седум бродови
- Тајван во последните 24 часа забележал 33 кинески воени авиони и седум бродови во непосредна близина, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Тајпеј, 27 јануари 2024 (МИА) - Тајван во последните 24 часа забележал 33 кинески воени авиони и седум бродови во непосредна близина, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.
Два кинески балона се забележани на небото над Тајванскиот теснец.
Неофицијалната демаркациска линија меѓу Кина и Тајван ја поминале 13 авиони.
Тајванските власти речиси секојдневно пријавуваат упади авиони и бродови на кинеската војска.
Кина го смета Тајван за своја територија. паг/
Фото: Пиксабеј