• петок, 01 март 2024

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Скопје, 10 декември 2023 (МИА) - Тринаесет илегални мигранти од Сирија синоќа околу 20:15 часот биле затекнати во близина на село Табановце.

МВР соопшти дека на 9 декември околу 20:15 часот на автопатот „Пријателство“, на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, во близина на село Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле затекнати 13 илегални мигранти од Сирија. Тие претходно биле истоварени од три патнички возила, по што возачите заедно со возилата го напуштиле местото.

Известен е Јавен обвинител, а лицата мигранти биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ев/вј/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан