Во близина на грчкиот остров Родос спасени околу 120 мигранти
- Во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Родос биле откриени и спасени околу 120 мигранти што се пренесувале со едрилица, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 29 август 2025 (МИА) – Во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Родос биле откриени и спасени околу 120 мигранти што се пренесувале со едрилица, јави дописничката на МИА од Атина.
Едрилицата била откриена од брод на крајбрежната служба, а помогнале и два брода што пловеле во близина.
Мигрантите безбедно биле пренесени на пристаништето на Родос. ср/сд/
Фото: Архива МИА