• понеделник, 13 мај 2024

Во близина на Богданци приведен криумчар на мигранти, пронајдени осум мигранти од Сирија

Во близина на Богданци приведен криумчар на мигранти, пронајдени осум мигранти од Сирија

Скопје, 30 јуни 2023 (МИА) - Во близина на Богданци вчера околу 18.10 часот  од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода П.Г.(49) од Богданци, осомничен дека со патничко моторно возило „ауди A4“ со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал осум лица мигранти од Сирија.

Од МВР денеска информираа дека за настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. цр/аа/

Фото:МИА

Остани поврзан