• понеделник, 23 декември 2024

Во битолско Могила пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Во битолско Могила пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Скопје, 25 февруари 2024 (МИА) - Во битолското село Могила вчера е пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна.

-Вчера во 13:37 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Могила при ископ била пронајдена неексплодирана граната, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека гранатата од Првата светска војна со калибар155 мм. е безбедно подигната од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. фф/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан