• петок, 05 декември 2025

Во Битола ќе биде поставен споменик на војводата Александар Турунџев

Во Битола ќе биде поставен споменик на војводата Александар Турунџев

Битола, 8 август 2025 (МИА) - Во Битола, кај „Ветеринарен центар“, во непосредна близина на Ат-пазар, местото каде пред 120 години животот го загуби македонскиот војвода Александар Турунџев, ќе биде поставен негов споменик.

рисуствуваат бројни граѓани, претставници на локалната власт и историски здруженија,

Подготовките на локацијата за споменикот ги врши Општина Битола во чиј општински двор до денеска се чуваше споменикот на Турунџев.

Уредувањето на просторот каде што ќе биде поставен споменикот на Туринџев се очекува да заврши до крајот на месецот, а на 30 август со пригодна манифестација ќе биде промовиран со што ќе се обележат 120 години од смртта на Александар Турунџев, кој како што е познато својот живот го загуби со бесење на Ат-пазар во Битола. мт/нд/

Фото: Општина Битола

 

Остани поврзан