• петок, 22 мај 2026

Во Битола убиена жена, осомничениот лишен од слобода

Во Битола убиена жена, осомничениот лишен од слобода

Битола, 14 мај 2026 (МИА) - Утрово во Битола, во семејна расправија и семејно насилство, убиена е жена на возраст од 31 година.

Полициски службеници на СВР Битола се на терен, а случајот се истражува.

Според првичните информации, осомничениот сопруг е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени понатамошни мерки.

Од СВР Битола се очекува во текот на денот да биде објавено официјално соопштение со повеќе детали за случајот. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан