• петок, 22 ноември 2024

Во Битола презентирана Методологија за изработка на 3Д-тактилни мапи и слики на културно-историски споменици

Во Битола презентирана Методологија за изработка на 3Д-тактилни мапи и слики на културно-историски споменици
Битола, 18 мај 2022 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на музеите - 18 Мај, професор д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска пред експертите на НУ Завод и музеј Битола презентираше Методологија за изработка на 3Д-тактилни мапи и слики на културно-историски споменици. Методологијата е развиена во соработка со м-р Јове Парговски и консултации со д-р Ирена Ружин од НУ Завод и музеј Битола и Весна Софрониевска од Сојузот на слепи – Битола, а се темели врз дигитализација на постојните културно-историски споменици кои потоа се печатат во 3Д-тактилни модели според Стандардот за тактилна графика објавен во 2010 од Брајовата асоцијација на Северна Америка (BANA). -3Д тактилните модели преку допир можат да ги „гледаат“ слепите лица. Тактилните модели преку NFC и QR технологија се поврзани со апликација за паметни уреди телефони и таблети која содржи наративен опис за објектите и видео на знаковен јазик. Според изработените 3Д модели во наредниот месеци ќе се изработат и модели од метал, за што се обезбедени средства од Европската Унија кои ќе му бидат предадени на Општина Битола за да ги постави пред десетте најзначајни културно-историски споменици, појасни Неделковски. Со овој проект, Битола ќе биде прв град на Балканот и меѓу првите во Европа што ќе ги направи „видливи“ своите најзначајни културно-историски споменици за слепите лица. -Пристапниот туризам наменет за лица со попречености во Европа и светот се повеќе добива на значење, не само од аспект на креирање инклузивно општество туку како и сериозен извор на приходи, посочи проректорот Неделковски на меѓународниот ден на Музеите.мт/бт/

Остани поврзан