Во Битола почнува интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“
- Мешаниот хор на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“ и битолскиот Камерен оркестар со познатото дело на Карл Орф, „Катули Кармина“, ќе го отворат новото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Битола, 2 октомври 2025 (МИА) - Мешаниот хор на културно уметничкото друштво „Стив Наумов“ и битолскиот Камерен оркестар со познатото дело на Карл Орф, „Катули Кармина“, ќе го отворат новото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Концертот ќе се одржи во салата на битолскиот театар „Благој Стефановски“, а заедно со хорот и оркестарот ќе настапт и солистите Билјана Талевска-сопран од Македонија и Саша Арсенков, тенор од Србија.
Во периодот од 2 до 10 октомври на фестивалските сцени во Битола ќе настапат уметници и од Австрија, Италија, Швајцарија и Шпанија.мт/
Фото: МИА