• петок, 05 декември 2025

Во Битола одбележан 11 Ноември – Денот на примирјето

Во Битола одбележан 11 Ноември – Денот на примирјето

Битола, 11 ноември 2025 (МИА) - Делегации на Општина Битола, Владата на Република Србија и претставници на здруженија за македонско-српско пријателство и соработка, на воените српски гробишта во Битола го одбележаа 11 Ноември, Ден на примирјето со кој беше означен крајот на Првата светска војна.

На комеморативниот собир кој традиционално се организира како ден на сеќавање кога на 11 ноември во 1918 година заврши Првата светска војна, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и Зоран Антиќ, државен секретар во српското Министерство за труд, социјални и боречки права.мт/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан