Во Битола завршува интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“
- Со Шопенова вечер која ќе ја приреди италијанскиот уметник и пијанист Џанлука Луизи, вечер во Битола завршува 34-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Битола, 10 октомври 2025 (МИА) - Со Шопенова вечер која ќе ја приреди италијанскиот уметник и пијанист Џанлука Луизи, вечер во Битола завршува 34-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Во периодот од 2 до 10 октомври на фестивалските сцени во Битола настапија уметници од Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија и Србија, кои заедно со македонските уметници изведоа концерти и музички рецитали.
Годинешниот „Интерфест“ почна со изведба на едно од најмоќните дела на 20-от век, „Катули Кармина“ од Карл Орф, а во рамки на фестивалот беше одбележана и 100 годишнината од раѓањето на битолчанецот Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“.
Во рамки на фестивалот се одржа традиционалната манифестација Подиум на млади, а беше отворена и изложба со дела од творештвото на ликовниот уметник Ранко Струмениковски.мт/лв/
Фото: МИА