• понеделник, 23 декември 2024

Во Бигорскиот манастир осветен параклисот на Свети Николај Чудотворец

Во Бигорскиот манастир осветен параклисот на Свети Николај Чудотворец
Дебар,18 мај 2020(МИА) - Во познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, осветен е прекрасниот параклис на Светиот Николај Чудотворец. Како што информираат од бигорската обител осветувањето на параклисот е во склоп на празнувањето на илјадалетието од основањето на Бигорската Обител во 1020 година,чија централна прослава е планирана за 26 октомври. Параклисот се наоѓа во Источниот Палат од манастирскиот комплекс. Целосно живописан е во 2014 година од зографот Горан Боев, монахот Аверкиј и браќата на Бигорската Обител, кои и го позлатија иконостасот. орски Во беседата на г.Тимотеј одржана на свечениот чин на осветувањето, тој искажа благодарност на братството на чело со игуменот, архимандрит Партениј за нивната неуморна грижа за градење и воздигнување на Црквата Божја преку монументалните зданија, но уште повеќе и поважно „во срцата и душите на благочестивиот православен народ ширум нашата сакана татковина“. -Осветувањето на овој параклис посветен на свети Николај Мирликиски чудотворец во оваа Бигорска обител, нека послужи за наше просветлување и утврдување на нашата вера. Да ни ги отвори духовните очи, да ни ја умножи љубовта, па да го проповедаме и сведочиме словото Божјо како вистински следбеници на Господа Христа, рече меѓу другото г.Тимотеј во својата беседа. По завршувањето на литургијата,  митрополитот г. Тимотеј, заедно со архимандрит Партениј, извршија трисагија за покој на душата на скоро упокоениот и почитуван професор Петко Златески. вт/ир

Остани поврзан