• недела, 22 декември 2024

Во Берово успешно организиран првиот книжевно-поетски фестивал ,,МалеМале"

Во Берово успешно организиран првиот книжевно-поетски фестивал ,,МалеМале
Берово, 1 август 2022 (МИА) - Со промоција на поетската книга „Зборка“ од Тања Аждаја
и „Поетувањето со Кени" во Берово заврши книжевно-поетскиот фестивал „Малемале". Книгата „Зборка" ја претстави Тихомир Јанчовски кој во разговор со авторката ја претстави нејзината поетика, преку лингвистичката и семантичката страна на нејзиното творештво.
Песни од „Зборка“ читаа и интерпретираа Ѓоко Здравески, Перо Сарџоски, Владимир Мартиновски, Никола Маџиров, а читањата беа во музичка придружба на „Вис Тркалезна маса“.
Завршен настап на фестивалот имаше Горазд Китановски кој слемуваше и интерпретираше свои и песни од други автори по негов избор. Во рамки на неговиот настап следуваше „отворениот микрофон“ кој се реализираше во интеракција со присутните.
Организаторите упарија благодарност до сите учесници и посетители, за добрата воља, вложената енергија и синергијата што се создаде на првото издание на фестивалот „МалеМале". вс/сст/

Остани поврзан