• сабота, 06 декември 2025

Во Берово се одржа тактичко-показна вежба за подигање на свеста кај младите како учесници во сообраќајот

Во Берово се одржа тактичко-показна вежба за подигање на свеста кај младите како учесници во сообраќајот
Берово, 4 ноември 2022 (МИА) - Со цел подигање на свеста кај младите за сопствената безбедност како учесници во сообраќајот, во Берово е реализирана тактичко-показна вежба со симулација на техничка интервенција при сообраќајна несреќа. Од Општината денеска информираа дека целта на настанот меѓу другото е да изврши увид во подготвеноста на надлежните институции во вакви и слични ситуации. - Денеска Територијалната противпожарна единица, од Берово, во соработка со брзата помош од ЈЗУ Здравствен дом Берово, изведе тактичко показна вежба, техничка интервенција при симулација на сообраќајна несреќа. Учесници на настанот беа вработените во ТППЕ Берово, а имаа можност да ја проследат и волонтерите кои неодамна, преку проектот „Волонтери преку граница", беа на обука во Бугарија, информираа од Општина Берово. Посочија дека ваквите вежби се од големо значење особено за младите возачи. - Поради тоа апелираме на совесно возење, зголемување на координација помеѓу институциите на локално ниво и пренесување на порака за грижа за сопственото здравје и безбедност, додадоа од Општина Берово. Тактичко-показни вежби од сличен карактер претходно беа реализирани и со воспитно-образовните установи во Берово. вс/цр

Остани поврзан