• среда, 06 ноември 2024

Во Берово најстудено, во Гевгелија најтопло

Во Берово најстудено, во Гевгелија најтопло

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Утрово најниска температура од еден степен е измерена во Берово, а највисока 12 степени Целзиусови се измерени во Гевгелија.

УХМР информира дека во Лазарополе утринската температура била 3 степени, 5 во Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, 6 во Струмица и Тетово, 7 во степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Прилеп и Демир Капија, 8 во Штип, Дебар, Охрид и Претор, 9 во Скопје-Зајчев Рид и Крушево и 10 степени во Куманово, Велес, Кавадарци и во Виница. 

Во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и постудено со мала локална облачност. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

Времето денеска со утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, како што најави УХМР, времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 26 степени. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан