• недела, 22 декември 2024

Во Берово извршени превентивни здравствени гинеколошки прегледи за жени Ромки

Во Берово извршени превентивни здравствени гинеколошки прегледи за жени Ромки

Берово, 30 октомври 2023 (МИА) - Во Берово извршени се превентивни здравствени гинеколошки прегледи на жени од ромска популација. Активноста како што информираа од Општината се реализираше како  дел од програмата, за подигнување на јавната свест во областа на здравството, во рамките на Проектот „Штип и Берово, заедно за подобрување на животот на Ромската заедница”.

-Целта на проектот е унапредување во домувањето, образованието и економските можности за жителите од ромската заедница, преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги, информираа од Општината.

Како дополнителна активност заедно со локални волонтери во Општина Берово и општина Штип се извршија и информативни разговори и се доделија едукативни материјали за значењето на редовните гинеколошки прегледи , како и материјали за редовна и навремена имунизација на населението во Општина Штип и Општина Берово.

-Активноста се реализира во соработка со Зелен Институт ( Zelen Institut – Green Institute), Општина Берово, Општина Штип и  Здружението на гинеколози МАГО од Скопје, велат од Општината.

Проектот е поддржан од Европската Унија, а во рамки на истиот претходно беа спроведени гинеколошки прегледи во Општина Штип. вс/дма/


Фото: Општина Берово

Остани поврзан