• петок, 22 ноември 2024

Во Белград повторно судири помеѓу противниците на „Европрајд“ и полицијата

Во Белград повторно судири помеѓу противниците на „Европрајд“ и полицијата
Белград, 17 септември 2022 (МИА) - Српскиот портал „Нова.рс“ објави дека нивна новинарка е повредена од противниците на одржување на „Европрајд 2022“. Инцидентот се случил откако противниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Уставниот суд, од каде треба да тргне поворката на „Европрајд 2022“ и да стигне до Собранието. Додека на Булеварот Ослободување противниците против одржувањето на „Европрајд“ се судрија со полицијата, која употребила солзавец и димни бомби. Групи на противниците на маршот од утрово се собираат во мали групи во центарот на Белград. И претходно во Белград имаше судири помеѓу противниците и полицијата, а приведени се десетици лица, меѓу кои и расчинетиот монах Антониј, кој со шише го погодил во стомак снимателот на Н1. Нападот е пријавен во полиција. „Европрајд 2022“ беше забранет од страна на српските власти, за денеска да биде постигнат договор за одржување на Парада на гордоста. Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија. ми/

Остани поврзан