Во Белгија приведени седум лица осомничени дека планирале терористички напади
- Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство.
Брисел, 29 март 2023 (МИА) - Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство.
Тие беа приведени синоќа во рамки на акцијата против екстремистичките активности насочени кон радикализирање на младите. Повеќето од приведените се на возраст од околу дваесет години.
Федералното обвинителство соопшти дека се приведени осум лица, а еден од осомничените е ослободен.
Лицата се приведени како дел од две тековни истраги во Брисел и Антверпен, два случаи поврзани со планирањето на нападот, кои имале меѓусебни врски, соопшти обвинителството.
Засега не е утврдено кои биле потенцијалните цели на тие терористички планови.
Во истрагата спроведена во Антверпен денеска им е одреден притвор на четири лица, тројца Белгијци и еден Турчин.
Во случајот во Брисел, притвор им е одреден на уште тројца осомничени, двајца Белгијци и еден Бугарин.
Тие се обвинети за „учество во активности на терористичка група“, „подготвување терористички чин“ и „ширење пораки со намера да поттикнат извршување терористички чин“. паг/
Тие се обвинети за „учество во активности на терористичка група“, „подготвување терористички чин“ и „ширење пораки со намера да поттикнат извршување терористички чин“. паг/