• четврток, 14 ноември 2024

Во Бахмут и натаму се водат жестоки борби, двете страни тврдат дека имаат успех

Во Бахмут и натаму се водат жестоки борби, двете страни тврдат дека имаат успех

Бахмут, 14 март 2023 (МИА) – Во Бахмут и натаму се водат  жестоки битки за контрола на центарот на градот, наведуваат и руските и украинските сили, а двете страни тврдат дека имаат успех во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на руската инвазија.

Украина тврди дека платениците на Вагнер, за кои вели дека ги предводат руските напади врз индустрискиот град, се обидуваат да упаднат во центарот на градот од повеќе правци.

-Во жестоките борби бранителите му предизвикуваат значителни загуби на непријателот, тврдат од украинската армија.

Руските сили досега успеаја да го окупираат источниот дел на градот, но не го опколија.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, призна дека неговите сили се соочуваат со решителен отпор и бараат начин да стигнат до центарот на градот. сд/

Остани поврзан