Во атар на с.Степанци, Штипско пронајдени коски слични на човечки
- Во СВР Штип синоќа, во 20.56 часот било пријавено дека Р.Ш. од с.Балталија, Штипско, на патот од с.Степанци кон с.Пухче, Штипско, на место викано Киразлк во атар на с.Степанци, пронашол коски слични на човечки.

Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Во СВР Штип синоќа, во 20.56 часот било пријавено дека Р.Ш. од с.Балталија, Штипско, на патот од с.Степанци кон с.Пухче, Штипско, на место викано Киразлк во атар на с.Степанци, пронашол коски слични на човечки.
Како што соопшти МВР, пронајденото било подигнато за понатамошна постапка и за настанот бил известен јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот. вг/мд/
Фото: МИА Архива