• понеделник, 23 декември 2024

Во април целата потрошена струја произведена во домашни капацитети

Во април целата потрошена струја произведена во домашни капацитети

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Во април годинава во земјава вкупно се потрошени 575 829 мегават часови електрична енергија, 35,898 милиони нормални кубни метри природен гас, 461.047 тони јаглен и 93.326 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија во април е од домашното производство, додека 99,1 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан