• понеделник, 23 декември 2024

Во Албанија почна вакцинација на просветните работници, следуваат полицајците и војниците

Во Албанија почна вакцинација на просветните работници, следуваат полицајците и војниците
Тирана, 13 март 2021 (МИА) – Во Албанија денеска почна вакцинацијата на просветните работници со вакцини на АстраЗенека, обезбедени од Владата преку механизмот Ковакс, кои прстигнаа синоќа. Премиерот Еди Рама и министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу беа во училиштето „4 херои“ каде започна процесот на вакцинирање на 250 наставници, додека вакцинацијата за наставници и педагози ќе се прошири низ целата земја, почнувајќи од понеделник. -Започнавме денес со просветните работници од шест училишта во Тирана, координирани со Дирекцијата за образование. Од понеделник ќе започнеме со дистрибуција на вакцини во здравствените единици низ целата земја, за да продолжиме со вакцинацијата на просветните работници низ целата земја, рече министерката Манастирлиу. Според неа при крај е вакцинацијата на здравствените работници а заедно со просветните работници имунизацијата продолжува и за лицата постари од 80 години. Премиерот Еди Рама пак најави дека многу бргу се очекува значителна количина вакцини, со кои ќе бидат опфатени припадниците на полицијата, армијата и хроничните болни. -Многу блиску сме до големи вести. За неколку дена верувам дека ќе донесеме уште една значителна сума. Да продолжиме со сите останати, полицијата, армијата, оние со хронични заболувања. Да го погодиме целиот дел од синџирот што има повеќе контакти, рече Рама. Силва Бино, началничка на одделот за инфективни болести при Институтот за јавно здравје и член на Комитетот за справување со пандемијата, ја гарантираше безбедноста на вакцината. -Таа е многу безбедна вакцина. Дури и за време на клиничките испитувања ништо не е забележано. Шприцевите се самоуништувачки. Значи, нема разредување, ништо. Ова е масивна, убава вакцинација, рече Бино. Досега во Албанија пристигнаа 71.160 дози вакцини од Фајзер и АстраЗенека а имунизирани се околу 24 илјади лица, од нив околу 20 илјади здравствени работници а останатите постари лица од 80 години. Албанската Влада досега обезбеди 1,6 милиони дози за 800 илјади граѓани. вт/

Остани поврзан