• четврток, 26 март 2026

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

Тирана, 21 август 2025 (МИА) – Во еден од најимпресивните планински региони во Албанија, регионот Никај-Мертур во северниот албански град Тропоја, поставена е статуа на Исус Христос. Тоа е прва ваква статуа во Албанија.

Споменикот наликува на познатата статуа „Христос Спасителот“ во Рио де Жанеиро.

- Статуата е направена од Сокол Ндуе Прогни, жител на областа, и наликува на оригиналната во Рио, каде што Христос се појавува со раширени раце. На церемонијата на инаугурација присуствуваа претставници на црквата, жители на областа, како и многу гости од Албанија и дијаспората.

Иницијативата за поставување на статуата е на локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.

Локалното население и организаторите веруваат дека ова место ќе стане посакувана туристичка дестинација. вт/ми/

фото: принскрин

Остани поврзан