• четврток, 26 март 2026

Во Албанија минатата година запленет имот вреден 59 милиони евра

Во Албанија минатата година запленет имот вреден 59 милиони евра

Тирана, 26 февруари 2025 (МИА) – Првиот човек на СПАК, Алтин Думани, го истакна напредокот постигнат во борбата против перењето пари и организираниот криминал, откривајќи дека вредноста на запленетите и конфискувани средства за 2024 година изнесува 59 милиони евра.

Според него од вкупниот износ, 10 милиони отпаѓаат на криптовалути, што „масовно се користат од криминалните организации“.

Борбата на СПАК против перењето пари има за цел да испрати порака дека криминалот не може да купи или да те награди. Времето на неказнивост на сите нивоа е минато, изјави Думани.

Тој додаде дека напредок има и во сузбивањето на економската моќ на организираниот криминал и корупцијата на високи функционери што е „важен чекор во гарантирањето на правдата и со голема одлучност и храброст обвинителите ја продолжуваат оваа битка“. вт/ми/

Остани поврзан