• понеделник, 25 ноември 2024

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори
Тирана, 4 март 2022 (МИА) – Во Албанија вечерва на полноќ настапува изборниот молк за неделните делумни избори за градоначалници во шест општини. Како што информираше претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши, изборниот материјал веќе е доставен, како и апаратите за електронска идентфикација. - Во општина Вора граѓаните ќе може да гласаат електронски, а на ист начин ќе се бројат и гласовите, додека во останатите пет општини, Драч, Скадар, Рогожина, Љушња и Пешкопеја, резултатите од гласањето ќе бидат соопштени во рок од 48 часа од затворањето на избирачките места. В недела ќе се гласа на 940 гласачки места а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас. За шест градоначалнички места во трка се 20 кандидати, рече Целибаши. Тој остварил средба со американската амбасадорка Јури Ким и евроамбасадорот Луиџи Сореца, кои искажале поддршка за работата на ЦИК, која, според нив има клучна улога во спроведувањето слободни и фер избори. Амбасадорката Ким ја нагласила американската поддршка за основното демократско право на граѓаните да гласаат по своја слободна волја, во мир, без непотребни закани. Целибаше информираше дека до министерството за внатрешни работи е доставено барање да се продолжи рокот на важноста на документите за идентификација на граѓаните. Инаку, поради изборната кампања вчера не беше одржана пленарната седница на Паралеметнот, на која требаше да се изгласа резолуција за Украина. Како што информираа од законодавниот дом таа е закажана за 7 март. вт/ми/

Остани поврзан